Цели и мисија на здружението

  • Работи на стручно издигање и усовршување на своето членство по пат на организирање на разновидни облици на масовна, образовно-воспитна и стручна работа.
  • Се грижи за еднаква општествена и економска положба на своето членство и постигнување на еднакви услови за работа, заштита и надградување.
  • Се залага за обезбедување на подобра и поефикасна здравствена заштита на работните луѓе и граѓани, за побрз развој на здравството, за проширување, рационализација и модернизација на здравството, за квалитетни здравствени услуги, за подигање на здравствената култура и здравствениот стандард на населението.
  • Го информира своето членство за современите достигнувања во медицинската наука.
  • Подготвува стандарди и критериуми за вреднување на работата.
  • Се грижи за омасовување на организацијата, развивање на внатрешни демократски односи помеѓу членството, органите и телата на Здружението.
  • Покренува прашања од пошироко општествено-политичко и економско значење на Здружението.
  • Влијае на различните форми на перманентно стручно усовршување
  • Се залага за развој на високото образование и понатамошна едукација на физиотерапевтите на европско и светско ниво.
  • Се грижи за вреднување на доброволната работа и активност во Здружението и за таа цел доделува признанија.
  • Соработува со други организации на здравствени работници од ист или сличен карактер во Републиката или други држави.
  • Самостојно ги следи, изучува, третира и решава или предлага решенија за решавање на проблемите во својата област.
  • Покренува иницијативи за нормативно регулирање на одредени прашања преку закони и други прописи.
  • Се здружува со соодветни организации од областа на здравството, за организирање на заедничка активност за утврдување и спроведување на заеднички програми и акции за прашањата од интерес на своето членство
  • Здружението своите цели и задачи ги остварува преку организирање на стучни состаноци, семинари, советувања и конгреси.

Идни настани

No events found