Здружението на физиотерапевти на РМ е доброволно стручно Здружение кое организирано работи на општествено и стручно оспособување и усовршување на своето членство.

Во Здружението членуваат физиотерапевти со завршено соодветно стручно образование, ученици и студенти во завршна година и се здружуваат со заеднички интерес, особено во унапредувањето на стручната работа од подрачјето на физикалната медицина и рехабилитација и грижа за положбата на своите членови во Општеството.

Здружението има својство на правно лице, со сите права. Здружението е самостојно во организирањето и остварувањето на своите цели, интереси и активности. Здружението ги остварува своите права, должности и одговорности согласно со Уставот, законите и Статутот.

Здружението на физиотерапевти на РМ работи неколку децении. Уште од времето на Југославија работата се одвивала во состав на Сојузот на здравствени работници а со прогласувањето на независноста на Република Македонија, здружението функционира како Здружение на физио и работни терапевти на Република Македонија.

Со статутарните измени во 2005 година, заради потребата од членство во Светската конфедерација за физикална терапија (WCPT), здружението го менува името во Здружение на физиотерапевти на Република Македонија и како такво функционира до денес.

Апликацијата за членство во WCPT е поднесена во 2006 година и во очекување сме на прием во Светската конфедерација (WCPT).

Идни настани

No events found