Во периодот од 05-07 мај 2017 год. во просториите на меморијалниот центар Никола Кљусев во Скопје, во организација на Здружението на физиотерапевти на Р. Македонија се одржа интензивна, едукативна курс-обука по Медицинска Акупунктура. Инструктор на курсот беше Jimmy Michael при тренинг академијата OMT Training Centre од Лондон, В. Британија.